По повод Salone del Mobile, продавницата на Valentino во Милано е целосно реновирана поради настанот што се одржува и е битен за секој љубител на архитектурата во Италија. Valentino едноставно неможеше, а да не учествува и тоа на модерен и ултра-елегантен начин.
Познатата модна куќа преку објава на Инстаграм откри фотографии од бутикот по реновирањето, но и детали од префинетата нова сцена. Од брендот велат дека инспирација им бил Piccolo Teatro во Милано, чија естетика била доловена во бутикот на најелегантен начин.
По повод Salone del Mobile Valentino Act создаде колекција како ода на бескрајната креативност и уникатната култура на театарот. Во бутикот се создава нов „јазик“, кој ја претставува најновата колекција на Pierpaolo Piccioli, која се издвојува по своите фини, женствени линии.
Навистина е импресивно како модата прекрасно се комбинира со светот на театарот, во спектакуларна средина што ги пренесува посетителите во времиња исполнети со гламур./М.М.