Во најновата, мошне експлицитна кампања за Skims, Megan Fox и Kourtney Kardashian позираат топлес за новата памучна колекција наречена Skims Cotton. Megan сподели фотографија од снимањето на кампањата на Инстаграм, пишувајќи „ Kourt, засекогаш не е доволно долго – Добредојдовте на нашето снимање на Skims – извонредно искуство @skims “.
Во соопштението за печатот Fox истакнува: „Сакам што Skims навистина разбира што сакаат да носат жените и дека сакаат да се чувствуваат секси, сигурни и моќни. Ми се допадна да бидам во оваа кампања со Kourtney, снимањето беше навистина забавно. “
Kourtney Kardashian, заедно со сестрата и основачот на Skims , Kim Kardashian, исто така објавија серија фотографии од снимањето.
Колекцијата Skims Cotton на долна облека и маички веќе е во продажба со цени што се движат од 16 до 68 долари./M.M.