Olivia Rodrigo конкурира за необичен белег на годината – за најрискантно деколте на 2021 година.
Младата пејачка на свеченоста организирана од Академијата на Museum Of Motion Pictures, се појави во фустан на YSL што го одзема здивот и ја истакнува нејзината желба за приклучување кон холивудската А листа на црвениот ќилим.
Медиумите кои ја истакнуваат убавината на 18-годишната американска пејачка и на ексклузивниот фустан од колекцијата на YSL, потенцираат дека е еден од оние фустани што не може секој да го облече. Но, на Olivia Rodrigo, фустанот е најверојатно токму таков каков што е замислен од модната куќа. За намалување на ризикот, мошне извесно е дека се користени лепила – за секој случај!/М.М.