Bright Skies (Светлото небо) е ладно сина боја која потсетува на отворен простор
Ладната сина боја, наречена Bright Skies (Светло небо) според Dulux е прогласена за боја на годината за 2022-та. Опишана како „воздушна, светло сина“ бојата е избрана затоа што „совршено го доловува оптимизмот и желбата за нов почеток што е расположение на моментот“.
„Заедничкото искуство за чувство на заробеноста внатре и зголемената грижа за иднината на нашата прекрасна, но кревка планета, се тесно поврзани со Светлото небо“, вели Marianne Shilingford, креативна директорка на Dulux. „Во моментов, луѓето сакаат да се чувствуваат живи и да уживаат во слободите што им се враќаат, да внимаваат и да внесуваат нови идеи“, вели таа за Дезин.
Бојата треба да го опфати оптимизмот поврзан со 2022 година. Светлото небо е 19 -та боја од Dulux избрана боја на годината. Избрана е од страна на бројни експерти во индустријата за дизајн, модата, ентериерите, социјалната економија и архитектурата./М.М.