Запознавањето на македонската јавност со македонската модна традиција низ векови е целта на проектот поддржан од Министерството за култура. Целта е и едукација за тоа какви биле етапите на творештвото, на македонските носии и на останатите националности кои денес тука живеат.
На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски – КУД Илинден.
Македонската традиционална носија во минатото е белег на едно време кое е важно за македонската историја. Носијата претставува богатство изразено преку видот на облеките, како и преку начинот на нивното украсување./M.M.