По пауза предизвикана од пандемија, Met Gala конечно, годинава се враќа, овој пат во вториот понеделник од септември, како големо финале на New York Fashion Week.
Темата на Met Gala годинава ќе биде „Во Америка: Лексикон на модата“.
Освен голем хуманитарен настан и средство за создавање впечатоци на социјалните медиуми, Met Gala е голем приказ на уметноста како мода и модата како уметност, покажувајќи како двете форми го сочинуваат и дефинираат нашето културно ткиво. Секоја тема е избрана со најголемо внимание – к Во 2018 година, со темата „Небесни тела: модата и католичката имагинација“ беа прикажани стотици изгледи за во Ватикан. Неколку години претходно, со темата „Кина: поглед преку стакло“ го претстави ос влијанието на Кина врз дизајнот на Западот и на Истокот.
Темата на Met Gala датира од 1995 година, кога Anna Wintour стана претседател на настанот.
Andrew Bolton, кустос во Wendy Yu Институтот за костими, за Вог изјави дека годинашниот настан го фокусира прашањето „кој ќе стане Американец?“ и која првично беше позирана на црвена, бела и сина, со свилен појас од десетгодишнината на колекција на Prabal Gurung. „Американските дизајнери се во првите редови во разговорите околу различноста, инклузивноста, одржливоста, флуидноста на половите и позитивноста на телото“, рече тој. „Рамката на шоуто ни овозможува да се фокусираме на помладите дизајнери кои размислуваат и длабоко се занимаваат со тие идеи“. Вклучува над 100 модели од американски дизајнери, почнувајќи од Marc Jacobs дo La Réunion./М.М.