Попладневната дремка од дваесетина минути може да влијае врз подобрување на меморијата, креативноста, емпатијата и да помогне при решавање на проблеми.
Доколку спиете подолго, ќе се чуствувате само „гроги„, велат научниците. Златниот стандард за добро физичко и ментално здравје според нив е да се спие помеѓу седум и девет часа на ден, но тоа не значи дека тие мора да се соединети.
Matthew Walker, професор во Беркли и автор на книгата Зошто спиеме, вели дека луѓето кои имаат проблеми со спиењето навечер треба внимателно да им пристапат на дремките и дека треба да ги избегнуваат по 15 часот. „Ако дремнете премногу доцна во денот, тоа е како да грицкате пред главниот оброк, вели тој.
Идеалната должина, според научниците, е од 20 до 25 минути. Доколку продолжите – одите кон подлабок циклус на спиење, од околу 90 минути. Кога ќе се разбудите ќе доживеете “sleep inertia”, а ќе се чуствувате „гроги„./М.М.