Sophia, хуманоидниот робот со државјанство на Саудиска Арабија, чии автопортрети како НФТ се во најголемите аукциски куќи во светот, сега ја слика Grace. Роботската фирма со седиште во Хонг Конг, го претстави својот најнов изум: Grace, хуманоиден робот за кој се надева дека ќе направи револуција во здравството.

Дизајнирана како асистент за доктори, Grace е опремена со сензори, вклучувајќи термичка камера за откривање на температурата и пулсот на пациентот, за да им помогне на лекарите да дијагностицираат болест и да спроведат третмани.
Grace е придружник и за пациентите, зборува англиски, мандарински и кантонски – и може да се дружи и разговара, како и да спроведува терапија.
Видеото на медицинската сестра Grace, облечена во сина униформа, го сподели Ројтерс, покажувајќи ја нејзината способност не само да комуницира, туку и да ја мери температурата на една личност и да ја измери нивната реакција со помош на термичка камера во градите. Дизајниран да комуницира и да им помага на луѓето во неволја, хуманоидот може да зборува англиски, мандарински и кантонски. „Можам да ги посетам луѓето и да им го разубавам денот со социјална стимулација… но, исто така, можам да направам терапија со разговор и да им помагам на здравствените работници“, вели Grace за Ројтерс ,во видеото додека стои покрај Sophia, во работилницата на Hanson Robotics’ во Хонг Конг.https://edition.cnn.com/2021/08/19/asia/grace-hanson-robotics-android-nurse-hnk-spc-intl/index.html

Роботите како Grace се наменети како поддршка за медицинските професионалци, а не како замена, вели за СНН основачот и извршен директор на Хансон Роботикс, David Hanson.
Grace доаѓа во средината на пандемијата на коронавирус кога има зголемена побарувачка за решенија за здравствена заштита и бесконтактна нега. Според Меѓународната федерација за роботика (ИФР), глобалната продажба на медицински роботи покажува пораст и пред пандемијата, и тоа за 28% во периодот помеѓу 2018 и 2019 година – а ИФР предвидува дека вредноста на секторот може да се удвои во следните три години.
Во Hanson Robotics велат дека кон крајот на годинава ќе започне со масовно производство на роботи, вклучувајќи ги Sophia и Grace./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.