Bobe's bakery

Хумусот е јадење кое потекнува од Египет, а денес е популарно во целиот свет, како поради богатиот вкус, така и заради хранливоста и ниската калориска вредност. Може да се користи  во сендвичи, како прелив за салата или тестенини, или како сос за суров зеленчук и гарнир за главни јадења. Наш предлог е хумусот да се најде и на вашата бадникова трпеза. Со бадниковото лепче. Веруваме – ќе биде вкусно надополнување на посната трпеза.

Bobe’s bakery

Предлагаме едноставна подготовка – блендирање на  200g наут, околу 40g таан, мала лажичка сол, 2-3 супени лажички маслиново масло, 3 супени лажички сенф (по можност бел), сок од еден лимон, лук, црн пипер и други зачини по желба. Зачините се додаваат по подготовката, како и украсувањето: со магданос, маслинки, црвен пипер…

Bobe’s bakery

Поради протеините хумусот е омилено јадење на вегетаријанците и веганите. Содржи омега 3 масни киселини, кои се одлични за одржување на здравјето на срцето. Ефикасно ја спречува  акумулација на холестерол во крвните садови, а го регулира и нивото на шеќер во крвта. Покрај сето тоа, ова јадење има и железо, витамин Б6, манган, бакар, фолна киселина и аминокиселини. Во хумусот се наоѓаат аминокиселините триптофан, фенилаланин и тирозин кои се задолжени за добар, квалитетен сон и го подигнуваат расположението. /Б.Б.

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...

You may also like

Comments are closed.