Основата за подготвување сангрија е виното, а додатоците сезонско овошје (како портокал, јаболко, лимон, потоа смокви, цреши, јагоди, праски, кајсии, лубеници, киви, боровинки, малини), потоа освежителни безалкохолни пијалоци и шеќер, според желба. Вкусот понекогаш се збогатува и со чаша од некоја овошна ракија.

За нашата освежителна сангрија употребивме: 0,5 мл црвено вино, 0,5 мл безалкохолен пијалок (кока кола), две јаболка, три мандарини, голема лажица кафен шеќер, неколку каранфилчиња и две стапчиња цимет.

Подготовка: Исечканото овошје и шеќерот, заедно со виното се ставаат на оган додека не зовријат. Се додаваат циметот, каранфилчињата и безалкохолниот пијалок и се тргнуваат од оган. Во зимо сангријата може да се послужи и топла.

Уживајте!

 

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.