Многумина би можеле да имаат големи здравствени придобивки од помудриот пристап кон канабисот, а тука се и економските придобивки од правната регулатива на статусот на индустрискиот коноп.

Обединетите нации, по две години дипломатски дискусии и три години научно истражување, на 2 декември 2020 декември одлучија да го отстранат канабисот од Листата IV на Единствената конвенција за наркотични дроги, која исто така содржи опијати како хероин. Накратко, по речиси 60 години, Обединетите нации јавно соопштија дека канабисот не е ни приближно штетен како некои други опијати.

Во свет каде внимателно се негувани погрешните сфаќања за канабисот, не изненадува што канабисот првично беше ставен на списокот IV, иако пред тоа скоро и да немаше научни проценки за штетноста на ова растение. Зошто списокот IV е воопшто важен? Па, предвидено е високо ниво на контрола за сите супстанции од тој списокот, бидејќи тие имаат „особено опасни својства“. Меѓународните конвенции влијаат и на правната регулатива во земјите-членки на Обединетите нации, поради што Единствената конвенција за наркотични дроги честопати беше и правна основа за забраната во голем број земји.

Позитивниот исчекор не е скок кон иднината каде секој агол на светот станува Амстердам. Одлуката на Комисијата на Меѓународната конвенција, која многу земји ја толкуваат повеќе како препорака, а не како нешто што секогаш треба да се следи сепак носи надеж за оние кои чекаат со години конечно да можат да користат канабис, пред се за медицински цели. Домашните тела честопати се свртуваат кон меѓународни конвенции и упатства при донесување на нови регулативи, така што канабисот не е исклучок. Една мала пречка е отстранета и постои надеж дека ќе се искористи.

ООН е голема победа за сите оние кои со години се борат за употреба на канабис во медицински цели.

Истражувањето на употребата на канабис за терапевтски цели, секако ќе стане полесно, а политичарите ширум светот веќе немаат изговор да ги врзат рацете со некоја конвенција на ООН.

Иако останува на секоја држава да одлучи како ќе ја регулира употребата на ова растение, се смета дека се отворени вратите со кои канабисот повторно би бил искористуван освен во медицината и козметологијата и, на пример, во текстилната и во некои други индустрии.

Индустриски коноп

Научната неоснованост на одлуката да се најде канабис заедно со хероин на списокот IV беше исправена во 2018 година, кога се состана експертската комисија на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

Сепак, работите нема така брзо да се придвижуваат напред – на истата седница одржана на Интернет, голем број други предлози беа одбиени. Еден од одбиените е предлогот со кои би се исклучиле од меѓународните контроли за препарати кои имаат ЦБД сè додека имаат помалку од 0,2% ТХЦ. ЦБД, или канабидоил, се добива од индустриски коноп и неговата употреба има голем број позитивни здравствени придобивки, додека ТХЦ, односно тетрахидроканабинод, е познат по својот психоактивен ефект.

Одлуката на Комисијата на ООН сепак е голема победа за сите оние кои со години се борат за употреба на канабисот во медицински цели, за нова регулатива на употреба на канабисот со цел создадавање услови таа да влезе во повеќе свери, па и во текстилната индустрија, преку индустрискиот коноп. / M.M.

You may also like

Comments are closed.