Кандидатите за магистерските студии на Кралската данска академија, на Модната недела на Копенхаген, се претставија преку 16 тематски колекции, подготвени за наредната пролет.

Од прикажаното може да се заклучи дека некои од моделите лесно ќе го најдат патот до купувачите,а имаше и такви кои создадавајќи за последен пат ослободени од деловните грижи на иднината, покажаа нешто што би можело да се подведе под неконтролирано самоизразување.

Преокупирани со тешката состојба на светот, оптеретени со чувство на отуѓување, својот став го изразуваа низ дисморфни дизајни. Исечените врвови на спасувачките елеци/појаси се и главен материјал за гардероба но и многу повеќе од тоа.

Да се дизајнира одржливо е неопходност за овие студенти. Повеќето изгледи се направени со употреба на користени материјали, односно сето расположливо од складовите, надополнето со плетени детали или везови. Локацијата одбрана за ревијата Freetown of Christiania, каде што неконформизмот е правило, изгледаше особено погодна за претставување на иднината на данската мода./M.M.

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.