Традиционалниот Саем за венчавки “Wedding Expo24” ќе биде отворен на 23 февруари, во хотелот Александар Палас, во Скопје. На 12-тото издание на Саемот ќе учествуваат: дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, изработувачи на покани, на бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки …
Саемот ќе ги отвори вратите во петок, на 23-ти февруари, во 18 часот, а ќе се одржува до недела, 25-ти февруаири, до 18 часот. Саемот е со изложбено-продажен карактер, за идните младенци да имаат можност да го видат, пробаат и купат она што им е потребно, како и да договорат термин за свадба, да букираат бенд, да си обезбедат покани и декорација…


Саемската програма започнува со модна ревија “Познатите во венчаници и костуми” на која посетителите ќе имаат можност да видат познати лица како модели на венчаници и костуми. Предвидени се и индивидуални ревии, како и настап на познати музички бендови.
Водител и домаќин на настанот годинава е Сања Савевска (Брза Кујна тв Сител). Влезниците ќе се продаваат на влезот на хотелот, како и по електронски пат, по симболична цена од 150 денари. Со билетот се станува и потенцијален добитник на голем број подароци, а идните невести ќе имаат можност и за голем број на саемски попусти.
Организатор на настанот е интернет порталот за културата на венчавки www.vobelo.mk contact@vobelo.mk

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.