Првото издание на Фестивалот на југоисточен регион ќе биде одржано утре, сабота, 28 октомври, во Градскиот парк во Богданци.
На Фестивалот ќе биде организирана дегустација на слатка од диви смокви со који изобилува овој регион, слатка од капини, џем од шипинки, ракии, мед, оцет од диви јаболка, производи од лешник, како и производи од тартуфи…
Целта на фестивалот е промоција на локалните и на традиционалните еко производи. Подржувачи на настанот се Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.