Салеп е вкусен, топол, сладок пијалок идеален за студените зимски денови. Кај нас салепот се подготвува од исушени, мелени и преработени клубени од Orchis morio. Расте на влажни и суви места, во планините, покрај потоци и на ливадите. Салепскиот прав е исушен, мелен корен.

Подготовката на салепот од коренот до пијалок оди вака: клубените се вадат, се мијат од земја, се чистат од мембрани и се варат кратко, по можност во сурутка. Потоа прво се сушат на воздух, а потоа во сушална, сè додека не станат речиси кристално проѕирни, а потоа се мелат во прав, се просејуваат и се чуваат на суво место.

Салеп се користи како лек за настинки, кашлица, а од него се подготвува и лековит напиток против дијареја кај деца. Пијалок се подготвува и од клубени со вриење на корените на неколку растенија во 500 мл млеко или вода околу 30 минути, а потоа се засладува со мед и се зачинува со ѓумбир, цимет или слични зачини. Така се подготвува хранлив и вкусен десерт, кој го зајакнува организмот.

You may also like

Comments are closed.