ЗдравјеВестиКултура на живеење

Протеинот од леблебија ја освојува Северна Америка

Ingredion и InnovoPro станаа партнери за дистрибуција на протеински концентрат од наут во САД и Канада. Според соопштението, се работи за алтернатива во прехраната која има висока препознатливост и привлечност кај потрошувачите.

Партнерството ќе ја зголеми достапноста на протеинот од наут, истовремено помагајќи им на производителите на храна и пијалоци да ја задоволат побарувачката за одржливи и хранливи производи од растително потекло.

Една неодамнешна студија, нарачана од Ingredion Inc, откри дека протеините од наут се добро примени кај потрошувачите и се сметаат за поздрава опција, во споредба со другите алтернативи од растително потекло, објавува vegconomist. Се вели и дека протеинот од наут нуди неутрален профил на боја и вкус, како и својства који обезбедуваат богата, кремаста текстура. Овие квалитети го прават идеален за широк опсег на апликации, вклучувајќи млечни и месни алтернативи, пекарски производи и пијалоци.
Меѓу првите корисници ќе бидат авио компаниите и големите ланци на храна кадешто на традиционалните јадења од месо ќе им биде додадена и веганска варијанта која според вкусот воопшто нема да заостанува./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.