Заштитните маски во време на пандемијава станаа дел од нашето секојдневие. До кога е сеуште прашање без одговор, но кога е веќе така,  да видиме што со понекогаш нивните непријатни миризби. CDC препорачува перење по секое носење но, со време, овој апел во најголем број случаи не се почитува. Маските за повеќекратна употреба, особено оние дизајнерски, најчесто се прскаат со алкохол и се оставаат така до наредната нивна употреба. Сестрите Dawn и Samantha Goldworm, кои веќе две децении се во парфемската индустрија, предлагаат решение во вид на мирисен спреј за заштитните маски.

Најновиот производ на сестрите Goldworms е формулиран со есенцијални масла од свеж килибар и чист мошус, и треба да се прска на надворешната страна на маската, неколку минути пред да ја носите.

Идејата ја добиле откако една од сестрите се пожалила на миризбата на маската, особено кога вдишувала и сопствениот здив од кафето. Тогаш решиле да го искористат знаењето и искуството за да развијат миризлив производ што ќе се осврне на изразитиот проблем од ерата на пандемијата.

Спрејот за маски, под името Scent for Good, го промовираат  сестрите Goldworms, посочувајќи дека е толку добар да ве натера да сакате трајно да носите заштитна маска./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.