Првата Metaverse модна недела – Metaverse Fashion Week (MVFW), е одржана од 24 до 27 март, на платформата Decentraland. Привлече многу повеќе внимание од модната индустријата, од кој било настан за дигитална мода пред него.

Со учество на повеќе од 60 брендови, уметници и дизајнери, MVFW е настан што претставува многу за глобалната модна индустрија. Луксузните модни и дигитални брендови на овој трендовски настан, претставија колекции за носење, дигитални простори и иновативни активации.

Организатор на настанот е UNXD, компанија која учествуваше и во развојот на NFT. За главниот куратор на MVFW, David Cash, совршен начин да се опише настанот е да се „претстави модата на секој можен начин“, од ревии на писти, до искуства за малопродажба, мода како уметност, филм, фотографија, па дури и на начини што се протега во метаверзумот. Секој може да го облечете својот аватар и да завземе место во А-редот на модната писта бидејќи сите се ВИП во Metaverse.

Виртуелната платформа за недвижности Decentraland ја искористи можноста да регрутира модни брендови и обожаватели на својата платформа базирана на блокчејн за четиридневниот настан.
„Тоа е само почеток. Треба да направиме уште многу – чекор по чекор“, вели Giovanna Graziosi Casimiro, шеф на MVFW. Како што прелистувачите и компјутерите стануваат помоќни, додава таа, квалитетот ќе се подобрува и се повеќе ќе наликува на резултатите што ги очекува модната заедница.
Серијата настани фокусирани на модата, привлече широк спектар на брендови и креативци, вклучувајќи ги Etro, Dundas, Dolce & Gabbana и Estée Lauder. Сепак, некои значајни играчи во метаверс, вклучувајќи ги Gucci и Ralph Lauren, не учествуваа. Целото искуство беше базирано на блокчејн, создадено на основа што се продава како NFT и дигитална мода купена и носена како NFT.

За некои, особено оние кои со години развиваат дигитална мода, беше прерано да се организира ваков вид на моден настан базиран на блокчејн, но и премногу доцна да се позиционира како најдоброто што може да го направи дигиталната модна технологија, врз основа на други примери на високо профилни проекти.

„Некој секогаш мора да биде прв, а ако одите на прво место, не секогаш се снаоѓате како што треба“, вели Max Vedel, ко-основач и креативен директор во Swipe Back, креативна агенција за метаверзи, која соработувала со Gucci, Nike и Swarovski. „На сето тоа не треба да се гледа негативно. [MVFW] е првиот обид за многу големи имиња во метаверзумот и иако не секогаш го сфаќаа како што треба, имаше неколку прилично неверојатни шоуа на екранот.

Покрај ревиите на модните писти, брендовите развија виртуелни продавници и места за настани во модниот кварт, вклучувајќи ја и дигиталната модна галерија на Auroboros, со изведба на Grimes, пантерите на Dundas и продавницата во париски стил каде Etro продаваше дигитални верзии на новата колекција наречена AUROBOROS,
Decentraland сподели дека на платформата во деновите на MVFW имало 108.000 пријавени кои ги следеле настаните. Броевите за дигиталните модни набавки сè уште не се доставени од брендовите-учеснички./М.М.

https://decentraland.org/blog/announcements/metaverse-fashion-week-is-here/

 

You may also like

Comments are closed.