Во недела, 24 декември, со почеток во 17 часот, во Арената Борис Трајковски, најмладите ќе можат да го проследат музичкиот спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“.
Тука е и Дедо Мраз, а како што е најавено на средбата со новинарите, најмладите ги очекуваат и многубројни изненадувања.

Сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се на Ирена Лозинска, а музика на Владимир Дојчиновски. Во претставата настапуваат децата од Балетското студио – Арт Балет.
Новиот музички детски спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ e во организација на Прагма продукција.
Петар Пан и Дедо Мраз ги повикуваат сите деца, како и оние што несакаат да пораснат, да не ја пропуштаат оваа претстава. Билетите можат да се купат на продажните места на Розе Веро 2 и на www.kupikarta.com./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.