Д-р мед. Северин Лохли од „Dermacenter” Цирих го споделува своето искуство: косата е многу важна за самодовербата, прави да се чувствуваме динамични и млади. Сега, бидејќи имаме решение за тоа, важно е и да го примениме! Мораме да ја подигнеме свеста дека опаѓањето на косата не е судбина од која нема бегање.

Швајцарскиот дерматолог проф. доктор Лохли го објаснува следново: Трите главни аспекти на стареење на косата се опаѓање, намален квалитет и промена на бојата (побелување). Опаѓањето, намалениот волумен, намалената густина и намалениот квалитет на косата се слични со процесот на стареење на кожата, а се поврзани и со намалена еластичност и слаба хидратација. Резултат на ова е губење на сјајот и сушење на косата, а со тоа косата потешко се оформува. Знаците на стареење на косата обично стануваат видливи околу 40-тата година. „Тоа е вистинската возраст кога треба да се започне со подобра нега на скалпот, а тоа е кожата под косата”, препорачува доктор Лохли.

Како нов тренд во дерматологијата, со кој конечно се затвори долго занемаруваниот јаз помеѓу потребите на пациентите и фокусот на научниците, стареењето на косата сега може успешно да се забави. Денес, сите што внимаваат на својата нега имаат пристап до квалитетни, научно докажани производи за зајакнување на коренот на влакното и заштита и потхранување на скалпот и фоликулите. Бидејќи усовршувањето на негата против стареење на косата е за сите.

Revalid® е развиен во 1992 година во Швајцарија за холистичка нега на коса и како третман против опаѓање на косата. Експертите ги создадоа квалитетните производи Revalid® со специјална формула што одговара на сечии потреби, за поздрава и посилна коса. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија. www.revalid.com

Ewopharma AG, со седиште во Шафхаузен, Швајцарија, е фармацевтска маркетинг-компанија со фокус на пазарите на Централноисточна Европа и Швајцарија. Со речиси 60 години присуство во регионот, Ewopharma има огромно познавање на овие пазари и привилегирана позиција во регионот. Компанијата ги покрива сите аспекти од пристапот до пазарот и комерцијализацијата на етички фармацевтски производи и медицински производи достапни за потрошувачите. www.ewopharma.com /М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.