Колекцијата на Sergio Rossi за ова лето, со волшебната палета на дизајни, претставува ода на заведувањето, на страста и на независноста. Од примамливи сандали што зрачат со елеганција до светкави чевли што ја разгоруваат фантазијата – секој пар, според белешките на модната куќа, носи стилска безвременост и модерна софистицираност.

Lindzi Vikson го завзема централното место на кампањата: англиската манекенка привлекува внимание на фотографиите снимени од Claire Rothstein. Стилистот Christopher Maul умешно ги спојува дизајнерските чевли со облека што ја зголемува нивната привлечност. Спојувајќи ги модерноста и удобноста, облеката е со чувство на современ стил, но и безвременска елеганција.

Кампањата ја следи успешната соработка на Sergio Rossi со Wolford од минатата година, што резултира со неверојатна колекција која беспрекорно ги спојува сензуалната долна облека со безвременските обувки.

Lindsey Wixson со нејзиниот сјаен изглед, совршено ја надополнува целокупната естетика на кампањата на Sergio Rossi за ова лето./М.М.

You may also like

Comments are closed.