Sexy and Alive, е нова колекција на чевли, создадена како резултат на соработката на италијанската модна куќа Giaborghini и Fai Khadra, палестински модел и инфлуенсер.
Основана во 2016 година од италијанската претприемачка-дизајнер Barbara Borghini, модната куќа GIABORGHINI често реализира проектни соработки со брендови и таленти, градејќи долготрајни партнерства, како во случајот со Fai Khadra.


Sexy and Alive е динамичен спој на техничка иновација и врвен дизајн кој, според белешките од брендот, ветува дека ќе ги запали сетилата и ќе ве пренесе во свет каде што владеат сензуалноста и виталноста.
Соработката на Giaborghini и Fai Khadra претставува олицетворение на спој на техничка иновација и на авангарден дизајн. Инспирирана од индустриската уметност и архитектурата, колекцијата е со нова модна линија. Сложените украси, како рачно плисираната кожа и иновативната манипулација со материјалот се спојуваат за да создадат колекција што зрачи со сензуална привлечност./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.