Urbanic, бренд основан во 2019 година со седиште во Лондон, од Xue Chi и Deng Qiulin, кинески претприемачи со работно искуство Google и Alibaba, овој ноември обезбедија инвестиција од 150 милиони долари од Series C investment. Со добиените средства ќе го забрзаат проширувањето на светскиот пазар, ќе ги оптимизираат снабдувањето и надградба на AI во дизајнот. Инвеститорите на Urbanic се конзорциуми од европски и њујоршки фондови.
Според магазинот Jing Take, потпирајќи се на сеопфатната кинеска инфраструктура и на синџирот на снабдување, повеќе кинески трговци со брза мода денес произведуваат илјадници нови производи дневно, надминувајќи бројни глобслни конкуренти, како на пример Zara и H&M.


Брзото и успешно проширување на различни меѓународни пазари, ги доближува до кинескиот гигант Shein. https://m.shein.com/eur/?lang=eur
Вредноста на Shein ја надминува онаа на Zara и H&M заедно, дури и по падот на прометот годинава од 100 на 66 милијарди долари. Кинескиот е-tailer е на пат да го постигне петтиот по големина IPO за потрошувачи во историјата по Porsche, LG, Rivian и General Motors.
Овој невиден успех често ги засенува кинеските претенденти од средниот ред, кои исто така напорно работат. Меѓу нив се Halara ( https://thehalara.com/), Bloomchic ( https://bloomchic.com/) и Cider ( https://www.shopcider.com/), кои воглавно се фокусираат на плус броеви на разновидна облека, по исклучително поволни цени.
Urbanic ( https://in.urbanic.com/) нуди поширок асортиман на облека и додатоци. Наместо да ги следи потребите на американскиот пазар, како повеќето глобални трговци на мало, тие се концентрира на пазарите во развој како Латинска Америка, Бразил, Мексико, а во Индијаи се највисоко рангираната платформа.


Додека компаниите за е-трговија од средна класа, како Urbanic продолжуваат да растат, најверојатно ќе се соочат со истите предизвици како и Shein – вклучувајќи наоди за прекршување на авторски права, проверка на работничките права, загриженост за животната средина од отпадот на брзата мода и, што е најважно, квалитетот на заштитата на податоците.
Сооглед на сите околности, тешко е да се одреди колку кинески брендови ќе напредуваат, а кој можеби ќе подлегне на интензивната конкуренција за странските добавувачи. Меѓутоа, мошне е извесно дека на кинеските потрошувачи им е доста од уценувачките условувани купувања и погледите одозгора.
Магазинот Jing Take презентира и анализи за клучните деловни трендови и резултати на работењето на домашните и на странските големи играчи. Се следат и анализираат и миселњата на кинеските социјални медиуми: од пофалби до жестока дебати како на странските така и на домашните-глобални брендови./М.М.

You may also like

Comments are closed.