Northwestern University: Надмината голема пречка во враќањето на слухот.
Губењето на слухот поради стареење, бучава или одредени лекови против канцер е неповратно. Научниците не беа во можност да ги репрограмираат постоечките, суштински за слухот, клетки за да се развијат во сетилни клетки на надворешното и внатрешното уво откако ќе умрат.
Научниците на Northwestern University го открија единствениот главен ген кој ги програмира клетките во увото, надминувајќи ја така големата пречка што го спречува развојот на овие клетки, и го враќа слухот. Nature публикација минатата недела објави податоци за нивното истражување кое треба да помогне во решавањето на проблемите со слухот.
„Нашето откритие ни го дава првиот јасен клеточен прекинувач за да направиме еден тип версус друг“, вели водечкиот автор на студијата Jaime Garcia-Anoveros, професор по анестезија, неврологија и невронаука на Northwestern University Feinberg School of Medicinе. „Тоа ќе ја обезбеди претходно недостапна алатка за правење внатрешна или надворешна клетка.
Надминавме голема пречка. Во моментов, научниците можат да произведат вештачка клетка, но ја нема разликата меѓу внатрешна и надворешна клетка, кои обезбедуваат различни суштински функции за производство на слух. Откритието е голем чекор кон развојот на овие специфични клетки. Имено, овие клетки се развиваат во ембрионот и не се размножуваат. Надворешните влакнести клетки се шират и се собираат како одговор на притисокот на звучните бранови и го засилуваат звукот за внатрешните влакнести клетки. Внатрешните клетки ги пренесуваат тие вибрации до невроните за да ги создадат звуците што ги слушаме.
„Тоа е како балет“, вели Garcia-Anoveros со почит додека го опишува координираното движење на внатрешните и надворешните клетки. „Надворешните се спуштаат и креваат и ги подигнуваат внатрешните делови понатаму во увото.“ Увото е прекрасен орган. Не постои друг орган кај цицачите каде што клетките се толку прецизно поставени. (Мислам, со микрометриска прецизност). Во спротивно, слухот не се јавува“. Целта на научниците би била да се репрограмираат потпорните клетки и да им се обезбеди структурна поддршка./М.М.
More in:Здравје
Откриен „прекинувач“ кој го запира нападот врз имунолошкиот систем
Нова студија откри „прекинувач„ кој го регулира имунолошкиот систен и ги штити здравите клетки Научниците ...
Samsung – Прв паметен прстен за следење на здравјето
Својот прв паметен прстен Samsung го претстави на Mobile World Congress во Барселона како сеопфатен ...
Револуционерен диетален режим: Пост што намалува 2,5 години биолошкото стареење
Една нова студија сугерира дека диетата инспирирана од постот може да помогне во реверзија на ...
Алкалоид“ со историско достигнување – Омепразол во течна форма
За првпат во историјата, во „Алкалоид“ АД Скопје е развиена течна форма на лекот Омепразол, ...