Најновата колекција на Alessandro Michele, насловена како Gucci Cosmogonie е преставена синоќа, на пистата поставена околу познатиот окта аголен замок Кастел дел Монте, во Апулија, Италија.

Токму во склад со затемнувањето на месечината, најновото шоу на Gucci – Cosmogonie, е насловено според збор изведен од митолошка приказна која го опишува и објаснува формирањето на светот.

Gucci Cosmogonie можеше да се следи во живо, преку платформата на сајтот на брендот и нивниот YouTube канал, на 16 мај или преку специјална емисија, на следниов линк:

Од сите модни сезони, колекциите наменети за деновите на одморот како да оставаат најмногу простор за фантазија. Затоа и не изненадува што најновата колекција на Alessandro Michele на големо ја разбуди магијата, носејќи го светот на Gucci кон Gucci Cosmogonie.

Отпечатоците беа особено ѕвездени, со своевидни вртлози и психоделични квадрати. Златни, сребрени и бронзени акценти украсуваа речиси сè во колекцијата. Тоа беше дизајнерот во неговиот елемент, едновремено насочен и кон небото.

Белешките за печатот избраа да не ја истакнуваат сложеноста вткаена во модата. Наместо тоа, Michele ги сподели своите размислувања за делото на германскиот филозоф Walter Benjamin и неговата дарба за осветлување на врските кои инаку би биле невидливи. Затоа дизајнерот на Gucci советува – не заборавајте понекогаш да погледнете нагоре.

Гледањето кон небото како метафора беше помогнато од фактот што Gucci го организира своето модно шоу за време на супер крвава Месечина. Гостите како Dakota Johnson, Elle Fanning и Jodie Turner-Smith, можеа да ја видат месечината во килибарна боја, додека ги следеа новите изгледи на мајсторот на магијата кому само ѕвездите се граница./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.