Нашите омилени книги нè водат на места кои никогаш не сме ги замислиле во реалниот живот

Новата книжарница дизајнирана од врвните архитекти од компанијата X+Living ја има истата моќ – физички да не пренесе во други светски сфери, создавајќи едно ново магично искуство.

X+Living, основана од кинескиот архитект Ли Ксианг (Li Xiang) во 2011 година, е интернационална компанија за архитектурен дизајн што се стреми кон постигнување на совршена интеграција помеѓу уметничката естетика и практичните функции. ,,Дизајнот создава вредност’’ e основениот концепт на оваа компанија која цели постигнување на највисокиот квалитет на дизајнерските дела, од идеен дизајн до нивното конечно завршување.
Книжарницата ги отвори својте врати во јули, се наоѓа во градот Ченгду, Народна Република Кина. Дизајнот е инспириран од културата, историјата и географијата на самата локација. Целта е да се создаде локална, внатрешна оаза што е одраз на она што е надвор.На прв поглед, се забележуваат свртени сводови, блескави полици за книги и бескраен лет на скали кои се чини дека достигнуваат до небото. Дизајнот содржи огледала и рефлектирачки подови од плочки со цел да се создадат оптички илузии кои нагло го зголемуваат и просторот и висината на полиците за книги. Земјените тонови на кафеава, беж и црна боја доминираат во овој дизајн.

You may also like

Comments are closed.