Чоколадни колачи со кремаста течна внатрешност за неверојатно задоволство.
Состојки за 10 колачи:
- 250гр. чоколадо за готвење,
- 65гр. путер,
- пет јајца,
- 65гр. шеќер во прав,
- 100гр. брашно.
Подготовка:
Чоколадото и путерот се топат на пареа, па се оставаат да се оладат. Јајцата и шеќерот убаво изматени се додаваат на изладеното чоколадо и брашно. Смесата се става во модли претходно намачкани со путер. Колачите се печат во загреана рерна на 230Ц, точно осум минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Послужете ги колачите топли, прекриени со шеќер во прав, со лажичка кога ќе пресечете едно парче од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
Наздравје!/Б.Б.