Влегуваме во зимските месеци и период од годината кога вирусните и бактериските инфекции се чести. За да се избориме против многу присутните вирусни инфекции и грипот, потребно е да го зајакнеме имунитетот и посебно да внимаваме на одржување на здрав дигестивен систем и цревна флора.

Имунолошкиот статус, работата на дигестивниот систем и здравата цревна флора, се клучни во борбата против сезонските вируси и настинки, затоа што во цревата се развиваат и таложат сите штетни бактерии и патогени микроорганизми, а оттаму се шират низ целиот организам. Нивната правилна работа зависи најмногу од употребата на пробиотици и нивното внесување преку исхраната.
Пробиотиците се живи бактерии кои имаат позитивен ефект врз здравјето, а нивното влијание е пред се врз цревната флора и врз имунитетот на целиот организам. Делуваат така што ги уништуваат штетните бактерии и патогените микроорганизми, не дозволувајќи навлегување на патогените бактерии и на алергените во дигестивниот систем и нивно проширување низ целиот организам. Исто така, пробиотиците делуваат и директно на подигање на имунобиолошкиот систем.
Пробиотските бактерии се најмногу присутни во ферментираните млечни производи: јогуртот, кефирот и киселото млеко. Всушност, овие производи се добиваат токму со пробиотски бактерии, односно со нивна ферментација. Меѓу најбитните пробиотици, кои влијаат на имунолошките процеси во организмот, се Лактобацилус и Бифидобактериум. Овие два пробиотика се наоѓаат и во јогуртот Баланс+, кој важи за функционален млечен производ со благотворно дејство врз организмот. Освен снабдување со најважните пробиотици, со редовно пиење на Баланс+ во организмот внесувате и протеини, растителни влакна, како и пребиотикот олигофруктоза, којшто е храна за пробиотиците.
За доброто дејство на Баланс+ јогуртот постоји и научна студија со која е докажано неговото позитивно влијание врз организмот и бројните процеси. Според оваа студија, после 10 дена редовно консумирање Баланс+, успешно се регулира дигестивниот тракт.
Комерцијална објава

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.