Нашиот интернационален модел Ивана Манас блесна во најновиот број на престижниот моден магазин Vanity Fair, во модниот едиторијал наречен Reality Show. Во комплетен стајлинг на Louis Vuitton Ивана позираше пред објективот на фотографот на Алберто Зенети.
Ивана беше три месеци во Милано каде што работеше на многу проекти за кои допрва ќе слушнеме, велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент, од Скопје. Во моментов е во Португалија каде што работи на друг ангажман, но набргу треба да лета повторно за Милано, за Миланската Модна Недела. Манас го живее својот сон, а ние сме тука да ја бодриме и да се радуваме на нејзините фантастични успеси додаваат од Моделс ИН./М.М.