По одреден број години, чистењето и хидратацијата стануваат нешто како ритуал, нешто што се прави без поговор. Понекогаш на кожата и треба малку повеќе грижа, за да блесне со својот негуван и нежен изглед. Со пилинг се отстрануваат сите нечистотии и изумрената кожа, дозволувајќи и на новата, млада кожа да ја изрази убавината. Пилингот во домашни услови е економична варијанта,  без потенцијално штетни и иритирачки состојки.

 

Пилинг за тело од овес

Состојки:

  • половина чаша снегулки од овесна каша (неварен)
  • половина чаша кафеав шеќер
  • половина лажица мед
  • лажица масло од јојоба
  • две капки есенцијално масло од лаванда
  • четири капки есенцијално масло од здравец

Подготовка:

Снегулките и шеќерот мелете ги во блендер додека не се добие ситен прав и потоа додадете ги сите течни состојки. Мешајте додека не се добие изедначена смеса. Нанесете на чиста кожа, влажна или сува, како сакате. Нежно масирајте го лицето и телото по целата должина со кружни движења на прстите. Околу 15 минути се сосема доволни за третманот да биде ефикасен. По пилингот, следат туш и хидратантен крем за лице и тело. Најдобри резултати се постигнуваат доколку овој пилинг се нанесува два пати неделно./М.М.

You may also like

Comments are closed.