Cо моден спектакл во East Gate Mall, каде што е претставено најновото од славните италијански брендови, синоќа беше означен почетокот на 28. Моден викенд во Скопје, што годинава се одржува под мотото “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија”.
Моделите на City Fashion, Twinset, Patrizia Pepe, XYZ, Erreá Republic, Fashion&Friends, Benetton, Sisley, Dioptra Optics, Prima Optics и Chapter 3 го открија најновото од врвните италијански брендови, во који се спојуваат традиционалната италијанска мода и современите трендови со одржливи практики, како нов репер за индустријата.


Италијанскиот амбасадор во земјава, H.E. Andrea Silvestri, во своето пригодно обраќање истакна дека во Италија, дизајнот не е само индустрија, туку е одраз на културен етос, каде што убавината и софистицираноста беспрекорно се спојуваат со иновациите и одржливоста.
Посветеноста кон дизајнот е патување кон создавање предмети кои не само што се естетски привлечни, туку се и проткаени со материјална вредност – изработени преку процеси кои го почитуваат наследството додека се прифаќа иднината. Италија, со својата водечка позиција во светот на дизајнот, ги прикажува производите што ја отелотворуваат душата на занаетчиството и напредниот марш на иновациите.


До 31-ви март, во рамките на Моден Викенд Скопје планирана е серија на настани меѓу кои и Ready, Steady, Shop! A Vintage Pop-up store целосно посветена на одржливата мода. Планирани се работилници и состаноци за вмрежување, како и создавање на услови за продажба на уникатни дизајни на македонски дизајнери, од нивните претходни колекции.

Домашните дизајнерски сили ќе се престават на модната сцена на 28 и 29 март, додека 30 март ќе биде вечер посветена на The Bridal Fashion Night.
Со сите настани во официјалната програма и на маргините, ова издание е планирано да биде посветено на бавната мода – кадешто се е направено да се намали потрошувачката и да се продолжи животниот век на модните парчиња.


На отворањето на 28. издание на Моден викенд во Скопје му претходеа Деновите на италијанскиот дизајн, поддржани од Амбасадата на Република Италија во Скопје, во соработка со ИТА – Италијанската трговска агенција. За сето е подготвен и видео запис што може да се проследи на следниов линк:

 

автори: Благоја Ангеловски, Доан Акити, Виктор Стојков.
Овој сет од настани е поддржан и од пријателите на FWSK28:
Kiko Milano и Alfaparf Milano Professional во соработка со учениците од СУГС “Димитар Влахов”, Martimex и Versace, Ferrari Trento. Проектни партнери се IQOS, Perwoll Renew, MINT FinTech Group, MATCH super food, Obuca Metro, MG ART, и Аманти паста.

You may also like

Comments are closed.