Мода вестиМоден мозаик

Елена Реи од Моделс Ин Менаџмент, ангажирана за каталог за Monique Lhullie

Елена Реи

Пред само два дена нашиот топ модел Елена Реи беше ангажирана да слика каталог за престижната американска дизајнерка Monique Lhullier. Препознатлива по нејзините раскошни венчаници, оваа американска дизајнерка, со филипинско потекло исто така дизајнира и свечени тоалети и ready- to -wear колекции.

Елена Реи

Нашата Елена Реи беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо, во Италија, а на истото место беше и кога ги сликаше венчаниците за Харперс Базар, за сите позначајни модни брендови. По завршувањето на снимањето во Италија Елена се врати во Дерми (Албанија) за да го продолжи својот летен одмор.
Дизајнерката низ годините се потруди да облече голем број дами за свечени настани и престижни фестивали како Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез,Тејлор Свифт и Меланиа Трамп. Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел, заради наметнатата паузата, предизвикана од епидемијата на Ковид 19./Алек Наумовски, Моделс Ин Менаџмент

You may also like

Comments are closed.