Plurato Sailfin

По електричниот тротинет и велосипед, еве ја и електричната даска со која се лебди над морето.

Дело е на фирмата Plurato Sailfin од Сплит, Хрватска, и се смета дека летово ќе биде апсолутен хит на плажите.

Plurato Sailfin

Со целата приказна почнавме пред четири години, кога беше направен првиот прототип. До денес, значително ги подобривме сите процеси и создадовме производ со врвен квалитет и дизајн во кој можат да уживаат не само искусни возачи, туку и почетници – вели Боже Шариќ, менаџер за продажба на стартап компанијата Plurato, кој го разви овој уникатен производ.

Она што ја прави оваа даска целосно различна од класичните даски за сурфање се хидрофолиите кои ја подигнуваат даската над нивото на морето, што резултира во чувство на лебдење и летање.

Возачите лебдеат над морето благодарение на подводното крило кое создава пловност и го намалува отпорот олеснувајќи го движењето низ морето, односно водата.

Plurato Sailfin

Даската лесно се склопува и раскопува и нема дополнителни кабли. Работи тивко, без емисија на штетни гасови. Има далинско управување, се напојува со батерии со траење од 60 до 80 минути, зависно од стилот на возењето. Sailfin го покренува и движи мошне тивок електричен мотор кој развива брзина до 35km/h.  При дизајнирањето, земена е во предвид лесната контрола врз даската, така што дури и почетниците можат да управуваат со неа без никакви проблеми.

Plurato Sailfin

Се препорачува првото возење да биде на градите за да се запознаете со начинот на работа. Вие ја контролирате таблата преку безжичен далечински управувач, а вистинското искуство со даската може да се доживее по само неколку минути возење..М.М.

Сите детали се на: https://sailfin.plurato.com/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.