Во среда, први ноември, во Intermezzo, во Скопје, ќе биде одржана добротворна модна аукција на дизајнерски облеки од Prêt-À-Porter & Couture. Дванаесет истакнати домашни дизајнерки и дизајнери ја поддржаа кампањата „Денови за донирање” и донираа прекрасни модни дела за овој настан.
Водителка на настанот што почнува во 20 часот е Ирена Спировска, а аукцијата ќе ја води гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање”, Огнен Јанески.
Сите средства ќе се вложат во донаторскиот фонд на Конект за организации што посветено и транспарентно работат на промена во животите на нашите сограѓани за подобра едукација, достоинствена работа, вклученост на најранливите и добро здравје./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.