Gucci Pet, деби колекцијата за домашни миленици, на сајтот на модната куќа е претставена како „продолжување на приказната за изненадување и задоволство, што го дефинира изборот на Gucci Lifestyle“.

Сопствениците на домашни миленици во колекцијата можат да најдат треиесетина производи: од соодветни футроли за Air Tag и држачи за кеси за отпад, до керамички чинии за хранење, минијатурни каучи, навлаки за дожд, носачи за патување и соодветни подлоги за хранење.
Некои производи доаѓаат и во еколошки материјали, како што се рециклиран полиестер и памук, како и обновливиот и без животински материјал на брендот Demetra кој е направен од био-базирани извори.
Во новиот избор на стилови дизајнирани за кучиња и мачки, препознатливи се кодовите на модната куќа, замислени од Alessandro Michele, креативниот директор на Gucci Pet Collection.

Со својата деби колекција модната куќа се приклучува кон брендовите што, меѓу другото, настојуваат да се позиционираат на кинескиот пазар.
Така минатата недела Tommy Hilfiger и Celine лансираа линии на додатоци за домашните миленици. Со проширување на категориите на производи, брендовите се обидуваат да го задоволуваат растечкиот интерес на кинескиот пазар за производи за домашни миленици.
За интересот најдобро говорат евидентираните речиси 100 милиони прегледи на Weibo, #howtoachievepetpamperingfreedom, како и проценките според кои до 2023 година пазарот за домашни миленици ќе вреди 66,8 милијарди долари./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.