Огромни купишта фрлена облека на плажата во Акра, во главниот град на Гана се секојдневна глетка.

Тука секоја година завршуваат повеќе од сто милиони парчиња користена облека, кои остануваат без купувачи.
Никој не ја презема одговорноста за отпадот оставен од трговијата со користена облека, иако активистите со години се обидуваат да го променат тоа, а големите импотрети ветуваат помош.
Тоните текстил го започнале „животот„ илјадници милји од гвинејскиот залив и нивното доаѓање во овој западноафрикански брег е одраз на глобалната трговија поттикната од брзата мода.
Користената облека го започнала својот пат илјадници километри од гвинејскиот залив и нивното фрлање на овој западноафрикански брег , според Индепендент, укажува на проблемите и недостатоците на глобална трговија, поттикната од брзата мода.
Гана е трет увозник во светот на користена облека, а нејзиниот пазар за ваква облека е толку силен што трговците со нова облека се борат да му парираат.


Користената облека влегува во земјата воглавно од дистрибутери од Велика Британија и САД и се продава на големо на локалните дилери пред да се најде на тезгите на пазарот.
Тоа не е кружна економија: секоја година повеќе од сто милиони парчиња користена облека, кои остануваат без купувачи, завршуваат на плажата на главниот град на Гана./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.