Ист Гејт Мол деновиве е исполнет со голем број љубители на купувањето подароци за најблиските, декорирањето на домот, освежување на зимскиот моден и спортски стил. Многу познати брендови, од кои 40 се само во овој шопинг центар, нудат бројни примамливи понуди за сите вкусови. Големите попусти во Ист Гејт Мол ќе траат до понеделник – 07.02.2022 година.


Поради големиот интерес на најмладите за досега реализираните ЛЕГО работилници и овој викенд, на 05.02.2022 (сабота) и на 06.02.2022 (недела), од 13:00 до 16:00 часот ќе се реализираат како ЛЕГО работилници со коцки.
Сите дечиња, кои ќе бидат дел од работилниците, ќе имаат можност да ја развијат својата имагинација и фантазија, а ќе ги очекуваат и интересни изненадувања и подароци. Влезот е бесплатен, а локацијата за ЛЕГО работилниците е на I кат, пред продавницата Крш, во Ист Гејт Мол.
Ист Гејт Мол е отворен за посетителите секој ден, од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите се отворени до 22 часот./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.