ММ: По сето што се случуваше во светот минатата година многу од бизнисите поминуваа, па и сеуште поминуваат низ период на сериозни преиспитувања. Како сето влијаеше и врз вашето работење?

Годинава што измина беше исклучително тешка бидејќи моравме да се навикнуваме на карантини, ограничено движење, маски, а сето тоа верувам предизвикуваше нервоза кај многумина. Јас си надов спас во плетењето. Тоа за мене е, како да го наречам, јога за сивите клетки, тоа за мене е друг свет во кој постојам јас и мојата хеклица, свет полн со предизвици.

ММ: Како би се опишале себе си – вашиот стил, водечката инспирација за создавањето, највпечатливиот момент, личното чуство на успех?

Техниката на плетење која ја користам се вика Амигуруми. Со неа може да создадете многу убави работи. Техниката на прв поглед можеби изгледа едноставна, но како и со секоја работа, си бара време и константно надоградување на знаењето, а со тоа и вештината.

Волшебната плетенка

ММ: Дали во овие новонастанати услови влијаеа врз ракотворците во Македонија и колку луѓето лани се решаваа да купуваат производи од ракотворците?

Во врска со клиенти и купувања, има заинтересирани но, сепак, стандардот ни е катастрофа. Меѓутоа, ова не е нешто што мора да се купи, ако неможеш да си го дозволиш можеш сам да го направиш- нели? Нашиот народ е навикнат на Кина, не се цени многу рачната изработка. Но ако си добар, навистина добар во тоа што го правиш, многу врати сами ќе ти се отворат. Претежно плетам за нашиот пазар, и сакам да ја гледам радоста во очите на децата, а понекогаш плетам и за странство.

ММ: Можеме ли да се навратиме на вашите почетоци, на поривот за создавање, премрeжјата, она што ве одржало низ годините?

Почетоци… Почетокот баш беше еден предизвик, со едно прашање: ДАЛИ МОЖАМ ЈАС ОВА ДА ГО НАПРАВАМ? Просто нели? И кога видов дека сето мое внимание е насочено во тоа што го правам и дека успеав во изработката, а самата играчка ме врати многу години наназад, јас буквало се радував како мало дете, а верувајте, тоа чувство сеуште е присутно после секоја завршена играчка. Создавањето на играчката и веселите детски лица кога ќе ја видат е PRICELESS! Бидејќи сум возрасна жена и во мое време немаше играчки како денес, амигуруми ми дојде како компеназција. Верувајте дека го работам ова затоа што го сакам и кога ќе видам нешто што ми се допаѓа, без разлика дали има или нема шема, јас седнувам и креирам.

Волшебната плетенка

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот, како таму се работи – има ли разлики во пазарот?

А за модната сцена, Македонската жена (која се држи до себе) секогаш е во чекор со модата, мислам дека сме навистина на завидно ниво во регионот. Интересно е што и се повеќе мажи се држат до себе, спортуваат, пријатни се за око а со тоа и убаво (вкусно) дотерани. Модата е тука и се прати.

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив. Кои се вашите за годинава?

Последното прашање е навистина добро. Сонот ќе стане јаве кога ќе бидеш доволно спремен за него. Сонот треба навистина цврсто да го сонуваш, не во полусон, па тек тогаш ќе можеш да го оствариш. Се почнува од мисла, од сон./М.М.

Волшебната плетенка

Волшебната плетенка

Волшебната плетенка

 

You may also like

Comments are closed.