За да го одбележи лансирањето на новите три топ мејкап производи, брендот  Guerlain ја потврди својата посветеност кон создавање на нови формули кои содржат високо ниво на состојки од природно потекло.

Мотивирани од успехот со лансирањето на течната  пудра L’Essentiel Natural Glow во 2019 година, која е комбинација од природни состојки (97%) со висока сензитивност, долготрајност од 16 часа и заштита на кожата од сончеви зраци (SPF20), Guerlain пред себе постави нов предизвик: од тој момент, секој следен мејкап продукт да биде составен од 90% природни состојки. И сето тоа без компромис во квалитетот, безбедноста, ефективноста и уникатноста која е одлика на брендот.

“Луксузот и убавината напредуваат стимулирајќи радикална трансформација. Ние сме посветени на активен придонес кон промените и кон повторно откривање на индустриските стандарди, така што чекор по чекор ќе ја пренесеме уметноста на убавината која е позитивна, посакувана и секогаш возбудлива“. CÉCILE LOCHARD – Генерален директор за одржливост во Guerlain

Еко формула за сензуалност и ефикасност без компромиси!

Користејќи ја уникатната формула од природни состојки, моќта на науката и врвната сензуалност, Guerlain уште од 1828 година се докажува себеси како Алхемичар на убавината. Денес, главната мисија е гаранција за безбедни формули, ефективен и највисок квалитет, задоволувајќи ги стандардите за производи со поголема природност. Затоа, Guerlain повторно лансира дел од култните производи како што е Terracotta, исполнуваќи ги барањата на денешните клиенти. Резултатот е добивање на формули кои се поиновативни, поактуелни, зајакнати со природност, а повторно нудејќи ги истите, врвни ефекти.

Благодарение на експертите од тимот за истражување на развој од Guerlain, секоја формула ги нуди истите, софистицирани и сензуални текстури кои станаа потпис на Guerlain. Тимовите на Guerlain ги совладаа придобивките од природните состојки и создадоа производи од највисок квалитет. Користејќи се од, ши путер до екстракт од Коњак, тие работеа со цел да создадат совршено дозирани формули. Додека капките на скапоцените растителни масла како што е маслото од роза и маслото од арган се вметнати во формулите, боите кај карминот Kiss Kiss Shine Bloom беа макотрпно преработени за да останат совршено стабилни без употреба на конзерванси, но со 95% состојки од природно потекло.

Guerlain го претстави KISSKISS SHINE BLOOM, новиот блескав кармин кој е направен од 95% природни состојки. Долготрајност и сензуалност со 24часовна трајност, каде природните состојки нудат нега на усните ден по ден употреба. Со своето луксузно пакување, KISSKISS SHINE BLOOM доаѓа во 20 нијанси инспирирани од природата, славејќи ја секој ден.

Пудрата L’Essentiel Haute Perfection содржи 96% состојки од природно потекло. Составена од внимателно одбрани природни состојки, нуди 24часовна трајност и доаѓа во 30 нијанси.

Terracotta, првата пудра со бронзен сјај, инспирирана од одразот на сончевите зраци врз песокот, сега доаѓа со нова формула, составена од 96% природни состојки. Како револуционерна пудра, таа стана симбол за традиција. Terracotta е сега достапна во три различни интензитети, лесен, медиум и длабок, секој достапен во два поддтона (ладен и топол)./M.M.

More in:Шминка

You may also like

Comments are closed.