Bobe's bakery

Американците традиционално ги јадат за појадок, но можат да бидат оброк и за вечера… Се подготвуваат брзо, ги сакаат и возрасните и децата!

Bobe’s bakery

Состојки:

две јајца,

375гр. брашно,

100гр. шеќер,

350мл. млеко,

лажица путер,

10гр. ванилин шеќер,

лажичка сода бикарбона,

прашок за пециво.

Во длабок сад се матат јајцата, млекото и шеќерот. Со постојано матење, за да се добие хомогена смеса се додаваат зејтинот и ванилин шеќер, сода бикарбона и прашок за пециво. Постепено се додава и брашното и се меша се додека не се добие убава хомогена смеса. Пржете на средна температура во загреана тава намачкана со путер. Се сервираат по желба со мед, јаворов сируп или крем и овошје.

Меки и миризливи – се топат во устата. НАЗДРАВЈЕ! /Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...

You may also like

Comments are closed.