ВестиКултура на живеење

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија

На 19 и 20 април, рок-групата „Ареа“ ќе одржи акустичен концерт во скопската Филхармонија. Членовите на групата најавуваат музичка магија со нивните хитови направени во текот на изминатите творечки три децении.
Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на конференцијата за медиумите одржана по повод претстојниот концерт истакна дека „Ареа“ егзистира 31 година и дека на идниот концерт се вклучени песни од новиот албум, издададен минатата година.


Ќе се претстават на начин поразличен од оној што и е познат на публиката, сооглед на тоа што поретко настапуваат акустично. Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета енергија на музиката што ја создаваме, рече Милошеска Брчиоска. На концертот, со „Ареа“, ќе настапат уште четири девојки, членки на Филхармонија.


„Ареа“ има одржано вакви концерти и во 2010 година, во Универзалната сала. Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.
Според Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ концертот ќе биде со нови акустични аранжмани, без електрични гитари. Се ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката, вели Брчиоски.
„Фреш јунион“е организатор на концертот./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.