Во Москва, изминатава сабота се одржа 18-тиот добротворен Виенски бал, кој по гламурот ги надминал сите претходни. На балот за прв пат се појавиле ќерките на руските милионери, на возраст од 16 до 23 години, со скапоцени дијадеми и неверојатни бели балски фустани. Сите во комбинација со ергени, за да танцуваат вечерта.

Светските агенции јавуваат за гламур со сцени како во Толстоевите романи, на настанот одржан во најголемата сала за вежбање во Москва – Гостинии Двор. Меѓу присутните оваа година беше и 23-годишната ритмичка гимнастичарка со Олимписки златен медал, Вера Бириукова. потоа Анастасија Черномирдина, внука на поранешниот премиер Виктор Степанович Черномирдин, а меѓу дебитантите беа и Леонида Малицкаја, Светлана Герчет и Елизавета Кондрикова.

Добротворниот настан во саботата, кој беше посветен на 250-годишнината од Лудвиг ван Бетовен, требаше да се одржи минатата година, но беше одложен поради пандемијата. Обично привлекува над 2.000 гости од целиот свет, но оваа година се намали на 1.500.

Секој дебитант поминува низ ригорозен процес на селекција, што вклучува тестови за нивното образование, познавање на странски јазици, начини и изглед. Среќните 100 потоа  со часови учат да танцуваат, за да бидат перфектни на големиот ден, кога  девојките ќе се појават во бел балски фустан и дијадема, а ергените во фракови или воени униформи, како што се гледа на сликите на Ројтерс од настанот./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.