Зошто треба да изберете помеѓу брод и автомобил? Зошто да се влече брод, кога може да има возило што ќе биде исто толку лесно за возење на патот, како и на вода? Тоа беше идејата на Boaterhome, за создавање на веројатно еден од најчудните и најкул пронајдоци досега – за совршеното возило за одмор за целото семејство.  https://www.autoevolution.com/news/the-boaterhome-is-half-boat-half-truck-and-all-rv-perfect-for-family-vacations-167426.html

Boaterhome не е нов пронајдок: досега најмалку две компании направиле пловечки автомобил, со слични имиња. Првиот во Ајдахо, САД, уште во средината на ’80 -те години, а вториот од 1996 година, Highwave Boatorhome 2000, направен од Boatorhome Inc. од Онтарио, Канада. Вториот модел за првпат беше претставен на Меѓународниот саем за чамци во Торонто, а потоа, во САД, на 55 -то Меѓународно шоу за чамци во Мајами. Пријавената цена изнесуваше тогашни 180.000 американски долари, што би изнесувало околу 312.000 долари во денешните пари.

Беа произведени само 21 „Boaterhome“, а некои од нив се користат и денес.

Boaterhome комбинира брод и автомобил во една единица. Бродот е на приколка, но не се влече, бидејќи беспрекорно се интегрира во задниот дел од возилото. Неколкуте среќни сопственици што сe уште имаат вакво нешто велат дека искуството е споредливо со возење лимузина, со дополнителен бонус за погодност, удобност и уникатност.

Произведени се и продадени само 21 „Батерхум“, а некои се користат и денес, така што се поставува прашањето: што се случило ако се било толку совршено и зошто проектот не успеал на пазарот?

Можеби тоа била цената, што работеше против Boaterhome, или можеби  високата потрошувачка на горивото. Или можеби, едноставно кажано, луѓето не биле подготвени за такво нешто. Можеби причината е во сето наведено.  Boaterhome, барем за сега, чека во архивите за некое ново патување./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.