![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2022/01/BB7BD84D-C3E3-4D64-A812-46F3EA202BC5.jpeg?resize=800%2C400&ssl=1)
На Модната недела во Милано на ревијата на DSquared2 посветена на есен/зима 2022 беше присутен Златан Ибрахимовиќ, инаку амбасадор на брендот и , секако, фудбалер на Милан.
Освен пригодната среба со харизматичниот фудбалер, дизајнерите на DSquared2 – Dean и Dan Caten пред почетокот на ревијата го изразија своето задоволство што се повторно пред публика и што двете години пандемија не ги запреле,туку, биле поттик новата колекција да ја посветат на излегувања, прошетки, патувања. Гардеробата за таквите повторни средби со патиштата и природата, според нив, треба да е соодветна: да блика од бои и материјали, да има нови ослободени линии и принтови и – од се да има многу, многу…
Понудените рецепти на искусните дизајнери- миксолози, се сосема доследно преполни со сензационални контрасти, кои би можеле да се подветат под „хипи планинари“.
Секој изглед претставува разгледница во стилот на колекцијата. Палта со перелина ќебиња, со елеци и фланелни кошули, со шроц, килт или предимензионирани панталони и- на крајот- крзнени алпски чизми во ретро стил. Навистина, тоа е модната линијата е Dsquared2 и нивен ДНК , филтриран низ надворешни, шарени, богати парчиња.
Момците од Dsquared2 со колекцијата за есен/зима 2022 година се обидуваат да се поврзат со нивната вистинска љубов – мајката природа. По две години домашно облекување, Dsquared2 се враќаат на пистата со нови модни предизвици за патувања во природа, во нов стил – на хипи планинари. /М.М.