Екстериер - ЕнтериерКултура на живеење

Терасите на Шензен – архитектонски комплекс на иднината

Проектот на MVRDV за новите тераси на Шензен, чија што изградба е во тек, претставува нов концепт на хоризонтална изградба, во која науката и архитектурата се едновремено во функција на заштита на природата и за задоволување на образовните и комерцијални потреби на посетителите.

Се гради на површина од 95.000 квадратни метри, поставувајќи сосема нови правила, споредено со високите солитери.

Хоризонталните површини во состав на терасите, со своите заоблени форми, се совршена заштита и скровиште од суптропската клима, овозможувајќи природна вентилација и проток на ветер.

Vini Mas, основачот на MVRDV компанијата, смета дека во овој проект не се работи против климата туку со неа и дека на шензенските тераси може да се гледа како на тридимензионален парк, кој на посетителите и на студентите ќе им овозможи неверојатен престој. Имено, природното ладење на терасите и заштитата од сонцето, ќе бидат прекрасен простор за опуштање, вели Vini Mas. Во самиот центар на најголемиот објект, терасите се виткаат навнатре, со цел да создадат отворен артриум и да овозможат воздухот и вегетацијата да влезат внатре, во структурата, и да им подарат нова доза на живот на просторите на идните образовни и комерцијални програми.

Пејсажната архитектура е формирана во соработка со Openfabric, за кои се вели дека создаваат архитектурата на иднината./M.M.

You may also like

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

Comments are closed.