Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано . Неодамна излегоа фотографиите за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание Јанушева ги представи новите колекции на модните гиганти како Prada , Gucci , Sportmax и Alexander McQueen, стилизирани од тамошниот тим.

Нашата Татјана неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty .Кариерата на интернационален моделинг ја започна во соработка со JS’ Management од Белград под водство на Јелена Ивановиќ. Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент. Јанушева се спрема во моментов за новата сезона во Милано каде има договор со една од најдобрите свестки модни агенции – NEXT Model Management.

Моделс Ин Менаџмент

 

You may also like

Comments are closed.