„Супер храната“ ја заслужува својата титула. Во однос на хемискиот состав, суперхраната не изгледа како обична храна. Се карактеризира со висока доза на протеини, витамини, минерали, есенцијални аминокиселини, антиоксиданти, незаситени масни киселини и други корисни состојки, како и ниска калориска вредност. Во основа, користењето на оваа супер-храна ќе ве направи посилни, поотпорни и поздрави.

МодаМода ќе ги престави познатите, но и помалку познати производи на супер-храна, за да ги додадете во вашата дневна исхрана и режим на убавина, вклучувајќи нега на кожата, косата, како и за долгорочно здравје.

Од каде Супер-храна

Веганите и поддржувачите на сирова храна први зборуваа за супер-храната. Луѓето кои се грижат за своето здравје и престанале да конзумираат месо и конвенционална храна, започнале да бараат замена за храната од животинско потекло. Во тоа време, добро познатиот нутриционист и застапник на сирова храна Дејвид Волф откри како храна како зрната какао, алгите спирулина, гоџи бобинките и асаи содржат вистинско богатство на хранливи состојки. Јавноста со ентузијазам го прифати мотото „Feel better, look younger, live longer“.

Со цел да се спречат малверзации, Европската унија воведе посебен закон кој го регулира овој термин за пакување: од јули 2007 година, сите производители кои сакаат да напишат „супер храна“ на своите производи треба да ги достават резултатите од научните и медицинските истражувања.

Супер-храната вклучува храна со висока концентрација на вредни состојки, пред се минерали, витамини и есенцијални аминокиселини. Супер-храната е нешто помеѓу храна и лекови. Според нивниот опис, тие повеќе личат на додатоци на лековити прехранбени производи, но сепак спаѓаат во посебна категорија. Супер храна се: корени, семиња, лисја, алги, бобинки, како и други делови од растенија кои се користат или во нивната природна форма, или во форма на прав, капсули, сокови и тинктури.

Најпознати „претставници“ на супер-храната се: гоџи бобинки, асаи, алги спирулина, хлорела, келп, семки од коноп, корен од мака, какао во прав и путер, чиа семе, кокосово масло, киноа, сок од трева од јачмен и пченица, лист од моринка, печурки и многу други.

Гоџи Бери

Гоџи бобинките се познати првенствено како хормонски стабилизатор. Лажица од овие бобинки содржи еден грам протеини, 36 проценти од дневната доза на витамин А и само 18 калории. Гоџи бобинките имаат рекордна количина на витамин Ц (стотици пати повеќе од агруми) и 18 аминокиселини (од вкупно 20).

Гоџи бери

Содржат над 21 минерал и витамин, како цинк, железо, калциум, селен и фосфор, како и витамини Б1, Б2, Б6 и витамин Е. Исто така, содржат ретки полисахариди кои имаат корисен ефект врз имунитетниот систем. Гоџи бобинките ја зголемуваат алкалноста на организмот и го штитат црниот дроб, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, помагаат при проблеми со крвните садови, го забрзуваат метаболизмот и помагаат при несоница.

Можат да помогнат во намалувањето на знаците на стареење на кожата, штитат од влијанието на УВ зраците, а помагаат и во производството на колаген.

 

Спирулина

Сино-зелената алга спирулина стана светски позната кон крајот на 90-тите години, кога многумина започнаа да се префрлаат на растителна храна и се постави прашањето за безбеден извор на протеини. Потоа, истражувањето откри дека спирулината содржи витамин Б12 (за кој се смета дека недостасува во веганска исхрана) и голема количина протеини.

Спирулина

Денес, спирулината е една од најпознатите суперхрани што се купуваат во светот, дури има и специјални фарми за одгледување на овие алги. Спирулината содржи 60 проценти протеини, 18 аминокиселини, витамини А, Ц, Е, Д, Б, калиум, калциум, магнезиум, натриум, фосфор, цинк, железо и селен. Содржи хлорофил, кој ја подобрува крвната слика, ја балансира алкалноста на организмот и придонесува за исфрлање на токсините од организмот. Тој е еден од најбогатите извори на бета-каротин (10 пати повеќе отколку кај морковот). Употребата на спирулина ја зголемува енергијата, го балансира крвниот притисок, ги потиснува алергиите и воспаленијата, помага при дијабетес, ги намалува симптомите на ПМС, го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува целулитот и помага при слабеење. Спирулината се продава во прав, таблети или капсули.

Хлорела 

Хлорелата потекнува од пред повеќе од две и пол милијарди години и секако е една од најстарите форми на живот на земјата. Хлорела стана популарна во 40-тите години на 20 век, кога беше препознаена како нова храна и како спасоносно решение против недостигот на храна низ целиот свет.

Нутритивната содржина на алгите Хлорела вклучува многу витамини, минерали и висока содржина на квалитетни протеини (околу 60%). Богата е со витамини А, Ц, Е и К и е еден од исклучително ретките целосни извори на храна на витамин Д. Хлорела има  витамини од Б-комплекс, со повеќе Б-12 отколку во говедскиот црн дроб. Познато е дека оваа алга всушност содржи многу повеќе бета каротен од морковот и другиот зелен лиснат зеленчук. Хлорелата содржи: цинк, железо, калциум, магнезиум, калиум, како и ретки минерали во трагови, како што се есенцијални масни киселини, вклучувајќи гама линоленска киселина (GLA) и полисахариди. Хлорелата е исто така добар извор на протеини, маснотии, јаглехидрати, влакна и хлорофил.

Хлорела

Хлорела регулира: работата на хормоните, го зајакнува имунитетот, го нормализира крвниот притисок, го регулира холестеролот и шеќерот во крвта, спречува кардиоваскуларни болести, ја подобрува крвната слика, го штити мозокот и нервниот систем, го олеснува проблемот за време на ПМС и менопаузата, ги отстранува токсините од телото, забрзува регенерација на ткивото, го регулира дигестивниот систем, промовира губење на тежината, лечи чиреви, ги намалува нападите на астма и алергиските реакции, помага при хроничен замор, ги отстранува непријатните миризби на телото, ги елиминира ефектите на штетното зрачење. Хлорофилот игра важна улога бидејќи има способност да детоксицира тешки метали во организмот. Зелените алги се најсилните извори на хлорофил во растителниот свет, а алгите Хлорела се најсилни од сите, кои се движат од три до пет проценти од содржината на хлорофил. Кога ќе споредиме зелен лиснат зеленчук со хлорела, тој содржи помалку од половина процент хлорофил, додека деловниот течен додаток на хлорофил често содржи само околу еден процент хлорофил. Тој е еден од најдобрите хранливи материи за чистење на цревата, црниот дроб и крвотокот.

Келп

Келп алгата е меѓу најпопуларните во азиската кујна. Припаѓа на семејството на големите кафеави алги Laminariaceae. Оваа алга е позната и како комбу, конбу, дашима, хаидаи. Има исклучително вреден нутритивен профил и носи многу здравствени придобивки на организмот.

Келп стотици години се користи за храна и во медицински цели. Природен извор е на витамините А, Б1, Б2, Ц, Д и Е, како и на бројни минерали јод, цинк, магнезиум, калиум, бакар и калциум. Поради својот богат минерален состав, често се користи за замена на минерали во организмот, по тешка болест, по дехидрирање, за зајакнување на косата и ноктите…

Келп

Келп помага при контрола на телесната тежина: Јодот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Јодот е дел од тироидните хормони Т3 и Т4, кои регулираат бројни метаболички функции во телото, како и психолошки реакции. Со ослабениот, т.е. забавена функција на тироидната жлезда Келп

Aлгата, благодарение на високата содржина на јод, влијае на забрзување на метаболизмот, побрзо согорување на калории и како резултат, на регулирање на телесната тежина.

Келп

Утврдено е дека Келп  алгите имаат и силно антиоксидативно дејство, со што се спречува оштетување на клетките и појава на дегенеративни промени, т.е. спречуваат стареење на сите клетки и ткива во телото.

Келп алгата е и добар извор на калциум, кој организмот може ефикасно да го користи.

Во наредниот прилог за супер-храната повеќе за асаи, семки од коноп, сок од трева од јачмен и пченица…/М.М.

 

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.