Со креативна корпорација Virgil Abloh Securities, основана од дизајнерот, ќе управува Shannon Abloh. Сопругата на Virgil Abloh, Shannon, ќе ја преземе улогата на главен извршен директор и управен директор на Virgil Abloh Securities.
Според соопштението Virgil Abloh Securities ќе „работи во дисциплини и сфери на уметноста, архитектурата, инженерството, уметноста, индустрискиот дизајн, моден дизајн, музика, филм, пишување и филантропија“.


Shannon Abloh ќе дејствува во повеќе насоки а се очекува во доменот на филантропијата проектно да ги поддржува различноста и вклучувањето на различни таленти во креативните индустрии.
Познатиот американски дизајнер Virgil Abloh почина на 28 ноември минатата година, по двегодишна борба со канцер. Abloh беше креативен директор за машка облека на Louis Vuitton од март 2018 година и основач на Off-White брендот за спортска облека.
По неговото заминување, организирани се повеќе настани од страна на Louis Vuitton фондацијата , меѓу кои и изложбата ‘Coming of Age’ , создадена во чест на дизајнерот и неговото творештво.
Идниот месец Louis Vuitton со Nike ќе лансира патики Nike Air Force 1, дизајнирани од самиот Abloh. Потоа, сите 47 изданија на Abloh’s AF1 ќе бидат претставени на посебна изложба, која повторно ќе му оддаде почит на наследството на Abloh, притоа споделувајќи го неговото know-how зад секоја од креациите./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.