Британскиот уметник-дизајнер Leo Maher создаде светлечки скулптури кои раскажуваат за хомосексуалноста и беа прикажани на Alcova изложбата, за време на Неделата на дизајн, во Милано.
Лажната сирена, прекинати приказни и древна практика на мачење се интерпретирани во серијата на Maher која тој ја нарече Something Sticky, (Нешто лепливо).
Серијата скулптури е изработена од различни материјали, од алуминиум до керамика, комбинирани со пронајдени и изработени предмети, како што се леќи за очила за сонце, цвеќиња натопени со смола и реси од палма.
Делата што ќе бидат претставени во Alcova повлекуваат паралели помеѓу растот на бурл дрвото и хомосексуалноста, поради тоа што се развиваат под притисок да се усогласат. Растот на бурл вклучува недоволно развиени пупки, обично како резултат на некој вид стрес, или, повреда“, вели скупторот – дизајнер. Во овие сложени јазли има изобилство лавиринти од потиснато минато. Приказните од квир минатото често се наоѓаат таму каде што најмалку се очекувани, вели Leo Maher.
Alcova ќе траеше од 15 до 21 април и беше дел од Неделата на дизајн, во Милано./М.М.