Турско-бритнаската дизајнерка Dilara Findıkoğlu, во соработка со Heaven By Marc Jacobs, создаде колекција на моментот, промовирана со рекламна кампања во која настапува Gigi Hadid.
Dilara x Heaven е инспирана од средношколските години на дизајнерката Findikoglu. Претставува своевидно спојување на готиката со панк под-тонови, заедно со елементи инспирирани од ликот на Лолита, од истоимениот роман на рускиот писател Вадимир Набаков. Поради наведените елементи, колекцијата одразува носталгија збогатена со современа естетика.
Findikoglu ја опишува колекцијата како остварување на нејзините тинејџерски соништа за посакувана гардероба, нагласувајќи ја притоа и желбата да создаде парчиња што резонираат со аспирациите на младите жени денес. Целокупниот тон на кампањата е младешка своеглавост и прослава на индивидуалноста./М.М.